Надминат е лимитот од 3,67 проценти, што беше утврден во Меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година, соопшти иранската агенција за нуклеарна енергија.

Информацијата попладнево ја потврди и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), од каде истакнаа дека инспекторите на Агенцијата утврдиле оти Иран го збогатил ураниумот над границата предвидена со договорот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани минатата недела рече дека Иран е подготвен да збогати ураниум во било која количина над нивото од 3,67 проценти.

Ваквите потези предизвикаа загриженост во Европа и САД. Европската Унија го повика Техеран да ги прекине сите активности кои не се во согласност со обврските од нуклеарниот договор, додека претседателот на САД Доналд Трамп го повтори ставот дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје и повика на внимателност.

Од друга страна, Иран бара од ЕУ да најде начин санкциите на САД да се ублажат и да се исполнат ветувањата за економската помош. Во спротивно, Техеран порача дека последна шанса на ЕУ за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година, истекува за 60 дена.

Според зборовите на иранскиот министер за надворешни работи, Абаса Мусавија, Техеран нема да нуди дополнителни „крајни рокови“ за спас на договорот.