Иранската авиокомпанија „Иран ер“ ги прекина сите летови кон Европа, јави иранска новинска агенција Ирна.

Како што изјавил официјален претставник на цивилната авијација, мерката е преземена поради коронавирусот.

Во Иран се регистрирани 5.823 случаи на заболени со коронавирус и 145 смртни случаи, што е најголем број после Кина, каде избувна епидемијата.