Промовирањето на новоименуваниот ирански гувернер Зеинолабедин Корам беше драматично прекинато откако маж излезе на говорницата и му удри шлаканица.

Инцидентот се случи додека Корам, новиот гувернер на провинцијата Источен Азербејџан, држеше говор во џамија во градот Табриз на североисток од земјата, пренесува Си -Ен -Ен.

На видеото објавено на интернет од иранската новинска агенција Фарс се гледа како маж мирно му приоѓа на Корам, му удира шлаканици, а потоа го турка. На снимката се гледа како обезбедувањето трча кон мажот, кој е идентификуван како Ајуба Ализадех, припадник на иранските вооружени сили, и го влече од бината.

На настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи на Иран, претставници на канцеларијата на Ајатолах Хамнеи и други високи државни функционери.

Во интервју за државната телевизија ИРИБ, новиот гувернер рече дека не го познава лично сторителот. Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден.