Висок ирански верски лидер денеска изјави дека американските воени бази нема да бидат безбедни, ако Вашингтон влезе во конфликт со Техеран.

– Ако Америка направи грешка, нејзините бази околу Иран нема да останат безбедни – изјави ајатолахот Мохамадали Мовахеди Кермани.

Тој не кажа други детали, но Техеран и во минатото го предупредуваше Вашингтон „да не прибегнува кон воена конфронтација“.