Иранскиот танкер кој се наоѓа во центарот на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран веќе не е на пат кон Турција, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за евидентирање на пловидбата, пренесува „Ројтерс“.

Моментната локација на танкерот е јужно од грчкото копно и западно од островот Крит.

Танкерот кој пренесува нафта за која САД сметаа дека е наменета за терористите во Сирија, наводно се движел кон пристаништето Каламата во јужна Грција, но Атина соопшти дека нема да му дозволи да се укотви.

Информациите сугерираат дека бродот на Адријан Дар пловел кон јужното турско пристаниште Мерсин, но денес беше објавено дека не е на пат кон таа дестинација.