Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, денес, за Си-ен-ен од Техеран изјави дека секој саудиски или американски воен напад против неговата држава ќе резултира со „целосна војна“.

Американскиот државен секретар Помпео, кој вчера беше во посета на Саудиска Арабија, го поддржа „правото на Ријад да се одбрани“ и порача дека „нема да се толерира“ однесувањето на Иран.

Зариф исто така наведе дека висок американски дипломат сакал да го одложи издавањето на визи за иранската делегација на претстојното генерално собрание на ООН. Но не прецизираше дали тоа можеби е поврзаното со тоа што самиот Зариф се најде на црната листа на САД уште во јули. Во објава на Твитер, Зариф ги обвини американските сојузници и функционери дека сакаат да го „наговорат“ претседателот Доналд Трамп да влезе во војна со Техеран и додаде дека „за нивно добро подобро да се молат да не се оствари тоа што го сакаат“.