Иранската револуционерна гарда денеска вети одмазда на „смртоносен и незаборавен“ начин за нападот врз воената парада во кој загинаа 25 луѓе, меѓу кои и 12 нивни припадници, а за кој Техеран ги обвини државите од Персискиот залив.

Вчерашниот напад е досега најголем изведен напад против овие елитни единици и претставува голем удар по безбедноста на Иран, во време кога САД и сојузниците се обидуваат да го изолираат Техеран.

– Земајќи го предвид нашето знаење за локациите на челниците на терористите…тие во блиска иднина ќе почувствуваат смртоносна и незаборавна одмазда – соопшти Револуционерната гарда.

Четири напаѓачи вчера ја нападнаа воената парада во западниот ирански град Ахваз, при што загинаа 25 луѓе.