Нафтата од Киркук е исклучена од регионалните пазари повеќе од една година, откако ирачката влада во октомври 2017 година ја врати контролата врз курдската територија. Единствениот расположлив канал за извоз на нафта од огромното нафтено поле е нафтоводот на курдистанската регионална влада, кој се протега до северната граница со Турција, па потоа до медитеранското пристаниште Чејхан.

Разговорите за продолжување на извозот траат уште од лани, а во изминатите недели значително зачестија. Ирак се стреми да го постигне договорот до крајот на ноември, соочен со притисокот од САД за зголемување на извозот на нафта. Вашингтон врши притисок врз своите сојузници да го зголемат производството, додека, истовремено, се обидува да го намали извозот на иранска нафта без голем пораст на цените.