Претставници на министерствата за одбрана и на армиите на Ирак, Иран, Сирија и Русија денеска одржаа средба во Багдад посветена на координација на заедничката борба против тероризмот.

– Разузнувачката соработка меѓу четирите земји насочена кон постигнување на заедничките цели во борбата против тероризмот, претставуваат успешем обид за постигнување стабилност и безбедност и треба да биде основа за идната соработка – изјави иранскиот министер за одбрана, генерал Амир Хатами.

Тој истакна дека колаицијата на овие четири земји „одиграла важна улога“ во победата над џихадистичката група Исламска држава.