Ирак денеска изврши воздушни напади врз цели на терористичката „Исламска држава“ на територијата на соседна Сирија. Две згради со 40 борци и оружје се уништени, соопшти ирачката армија.

Нападите изведени со авиони-ловци Ф-16 ја уништија зграда кадешто припадниците на терористичката група чуваа оружје, при што се убиени 10 џихадисти. Во вториот напад разурната е зграда со 30 борци на „Исламската држава“ во неа, се додава во соопштението на ирачката војска.