Најмалку едно лице е рането во оружен инцидент во средно училиште во американската сојузна држава Калифорнија.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил околу 7 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), кога вооружен маж влегол во зградата на училиштето „Хајланд“ и почнал да пука.

Полицијците кои на повикот дошле во учиштето во местото Палмдејлс, на околку 100 километри северно од Лос Анџелес, успеале да го приведат напаѓачот.

Локалниот заменик-шериф Чарл Мур изјави дека во време на инцидентот во објектот немало ученици, затоа што тој се случил половина час пред почетокот на наставата.

Од почетокот на годината во САД се случија неколку напади врз училишта, од кои најтрагичен беше оној од средината на февруари во Флорида, кога беа убиени 17 лица.