Германската полиција застрела маж кој повредли две лица со нож во воз во северна Германија, јави ДПА.

Инцидентот се случил во воз кој сообраќал Хамбург – Фленсбург.

Еден од повредените е полицаец. Двајца полицајци реагирале откако напаѓачот избодел едно лице. При обидот да биде совладан, напаѓачот избодел еден од полицајците.