Инфлацијата во Венецуела достигна толку високо ниво што ја урна берзата, пренесуваат светските медиуми.

Регулаторите треба да најдат начин да „отстранат“ три нули од цените на акциите на берзата, бидејќи компјутерите не можат да го издржат растот на вредностите на локалните акции.

Оваа земја има највисока стапка на инфлација во светот со годишна стапка од 15,57 отсто. Месечната стапка на инфлација сега изнесува 167 отсто, поради што оваа латиноамериканска држава се наоѓа на листата на најголеми хиперинфлации во историјата.

Вредноста на боливарот во однос на доларот се намали речиси 100 проценти во последниве години, а индексот Каракас само оваа година се зголеми за 1.584 отсто.