Меѓународните сили започнаа со евакуација на персонал од Либија, во време кога безбедносната ситуација во земјата сериозно се влошува, јавува Би-би-си.

Американската команда во Африка изјави дека премести свој воен контингент на воени сили, додека Индија изјави дека ги евакуирала своите мировни сили во Тунис.

Бунтовничките сили, кои ги раководи генералот Калифа Хафтар напредуваше од истокот и, како што е познато, има за цел да го преземе главниот град на државата Триполи.

Премиерот, кој е поддржан од Обединетите нации (ОН), го обвини генералот за обид за државен удар и истакна дека на бунтовниците ќе им се спротистави со воени дејствија.

Либија се соочуваше со насилство и политичка нестабилност уште од падот на долгогодишниот владетел Муамар Гадафи, кој беше убиен во 2011 година.

Кој се евакуира и зошто?

Генералот Хавтар ја започна својата офанзива пред четири дена и борбите во предградијата на Триполи предизвикаа реакции од меѓународните групи за нарушената безбедносна ситуација.

Американската команда на војската во Африка, одговорна за сите воени операции на САД на континентот, изјавија дека поради „зголеменото ниво на немири“ дека привремено преместиле контингент на воени сили на САД, без дополнителни детали за бројката.

Покрај реакцијата на САД, реагираа и Индија, Италија и ОН, а според информациите од Триполи, жителите на главниот град на Либија ги зголемувале резервите на храна и гориво во очекување на ескалација на конфликтот.

Кој и каде војува?

Борбите продолжија и денес околку напуштениот меѓународен аеродром јужно од главниот град, локација за која генералот Хафтар претходно изјави дека е освоена од неговите сили.

Либиската национална армија (ЛНА) е паравоената групација на генералот Хафтар, со која тој спроведува напади на повеќе фронтови јужно и западно од Триполи.

Сепак, силите на Владата поддржани од страна на ОН засега успеваат да ги запрат нападите на ЛНА. Дополнително, силите на Владата спроведоа интензивни воздушни напади 50 километри јужно од Триполи вчера, потсетуваат од Би-би-си.

Кои се спротиставените сили?

Либија се соочува со голема нестабилност (политичка и воена) уште од падот на Гадафи. Околку дванаесет милиции (паравоени групации) дејствуваат на територијата на земјата.

Неодамна, поголем дел од овие милиции се приклучуваа или на војската на Власта, лоцирани во Триполи, или на ЛНА на генералот Хафтар, анти-исламистичка група која ја има поддршката од Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а е многу силна и во источна Либија.

Генералот Хафтар му помогна на Гадафи да дојде на власт во 1969 година пред да дојде до несогласувања меѓу двајцата, по што тој пребега во САД. Хафтар се врати во 2011 во земјата по падот од власт на Гадафи и започна да раководи со бунтовнички групи.

Убеденоста на генералот Хафтар во нападите, според познавачите на состојбите, покажува дека тој смета дека единствен начин за негово влегување во политичкото раководство на Либија е преку воени дејствија.

Дипломатите се загрижени, бидејќи начинот и времето во кое тој напаѓа покажуваат дека не е веројатно генералот да се откаже од било какво делување, освен ако не е целосно победен.

Дали има план за мировни преговори?

Постојат планови за преговори предводени од страна на ОН, со цел да се одржат избори кои се закажани за од 14 до 16 април во либискиот град Гадамес.

Претставникот на САД во Либија, Хасан Саламе инсистираше на тоа дека преговорите треба за започнат, само ако не постојат сериозни причини за прекинување на истите.

Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутиереш минатиот четврток беше во Триполи за да разговара околку новонастанатата ситуација.

Но, како што пишува Би-би-си, генералот Хафтар изјави дека неговите трупи нема да запрат сè додека не го победат „тероризмот“.