Инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) се вратија од мисијата во сирискиот град Дума, каде земаа примероци и разговараа со сведоци за да утврдат дали во нападот од минатиот месец биле употребени забранети оружја.

Ова го изјави анонимен дипломатски извор кој додал дека екипата на ОПЦВ синоќа се вратила во Холандија, каде што се наоѓа седиштето на Организацијата,  откако на 14 април замина за Дамаск.

Наводниот хемиски напад предизвика ракетни напади на САД, Франција и Велика Британија кои беа извршени на 13 април врз неколку објекти за кои постоеше сомневање дека во нив се создава или складира хемиско оружје.