Индија денеска успешно постави во орбитата нов сателит за набљудување на Земјата и уште 30 помали сателити што припаѓаат на осум различни држави.

Ракетата на Индиската организација за истражување на вселената(ИСРО), што ги пренесе сателитите, била лансирана од полигонот Шрихарикота на југот на Индија.

Сателитот ХисИС, тежок 380 килограми, ќе помогне во проучувањето на Земјината површина.

ИСРО има серија планирани мисии, вклучително и лансирањето на сателитот ГСАТ-11 тежок 5,8 тони во среда и втора мисија на Месечината во јануари.

Од 1999 година ИСРО лансираше повеќе од 250 странски сателити од 28 земји.

Минатиот февруари ИСРО одеднаш постави рекордни 104 сателити во орбитата во една мисија.