Индиските власти открија дека го ликвидирале лидерот на сепаратистите во Кашмир, Закир Муса, во акција во јужниот дел на територијата. Муса се сметаше за најбараниот терорист во овој регион, информираат од „Индипендент“.

Муса раководел од група поврзана со Ал Каеда во индискиот дел од провинцијата Кашмир, а се смета за една од најважните личности која работела против власта на Индија во нестабилното подрачје.

Портпаролот на индиската армија, полковникот Раџеш Калиа, изјави дека безбедносните сили го следеле и пронашле Муса во село во регионот јужен Трал, ја опколиле локацијата на која се криел и ја извршиле специјалната операција.

Индиските официјални лица сега стравуваат дека смртта на Муса ќе предизвика проблеми за цивилното население на Кашмир, од кои поголем дел се приврзаници на сепаратистите, или најмалку сакаат да има референдум за одлука на иднината на целиот регион. И Индија и Пакистан контролираат дел од територијата на Кашмир, но и двете земји тврдат дела целата територија е нивна.