Денешната инаугурација на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ќе биде како ниедна досега, поради пандемијата, стравот за општата безбедност предизвикан од упадот во Конгресот, како и протестите на поддржувачите на претседателот во заминување, Доналд Трамп, пренесува „Лос Анџелес тајмс“. 

На инагуацијата нема да присуствуваат 2.000 специјални гости во Вашингтон, кои со радост ќе веат американски знамиња. Наместо тоа, надлежните служби поставија безбедносен обрач со бодликава жица, 25 илјади припадници на Националната гарда се задолжени за безбедноста, а затворени се и станиците на метрото во близина. 

Наместо парадите и поддржувачите со знамиња, кога Бајден и новоизбраната потпретседателка, Камала Харис, ќе ја положат заклетвата, ќе бидат присутни само 1.000 членови на Конгресот, кои се претходно тестирани за ковид-19. Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, истакна дека помалата присутност се должи на пандемијата, а не на упадот од 6 јануари.

–  Отсекогаш знаевме дека оваа инагуација ќе биде мала. Знаевме дека ќе биде присутно големо обезбедување. Но, народот треба да знае дека инагуацијата ќе изгледа вака, не во знак на страв, туку поради безбедност од коронавирусот – истакна Пелоси минатата недела. 

На инаугуацијата нема да има парада по авенијата „Пенсилванија“ додека новиот претседател патува до Белата куќа, а ќе изостане и традиционалната кратка прошетка на претседателот и првата дама, која е дел од влегувањето во Белата куќа.

Наместо тоа, Бајден ќе биде испратен со воена придружба до Белата куќа, а ќе се емитува онлајн пренос кој ќе содржи прослави од разни делови на САД. Во текот на вечерта нема да има инаугуративен бал, а наместо тоа, актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на 90-минутна телевизиска програма наречена „Прослава на Америка“.

На инагуацијата на Бајден нема да биде видено ниту претходното претседателско семејство. Овие традиционални детали се со цел да биде обезбедена непречена транзиција на власта. По неколку месеци поминати во негирање на загубата на изборите во 2020 година и само неколку дена по неговиот втор обид за импичмент, Трамп се очекува да го напушти Вашингтон пред да започне церемонијата на инаугурацијата. Во меѓувреме, Бајден беше поканет да престојува во Блер Хаус, куќа за гости во комплексот во Белата куќа. 

Трамп не го покани Бајден на традиционалното утринско кафе и претседателската прошетка нив Белата куќа. Неизвесно е дали Трамп за него ќе остави и белешка за охрабрување во Овалната канцеларија, како онаа што тој самиот ја доби од претседателот Барак Обама, исто како што беше случајот и со Обама од претседателот Џорџ В. Буш.

Трамп исто така ќе ја прекине 150-годишната традиција со тоа што нема да им се придружи на другите поранешни претседатели во Капитол Хил, кои ќе бидат сведоци на трансферот на власта.