Илјадници луѓе ја дадоа поддршкана за полицијата на протест во Пекинг. Демонстрантите, облечени во бело и сино, мафтрајќи со кинески знаменца, се спротивставија на протестот за анти-екстрадиција што го зафати градот месецов, пренесува „Би-би-си“.

На протестот одржан на 12 јуни, полицијата употреби гумени куршуни и солзавец против демонстрантите, нешто што не беше видено во Пекинг со децении. Поради тоа, секретарката за правда на Хонг Конг, Тереза Ченг, побара да биде отворена истрага за полициската бруталност. Но, демонстрантите ја натераа владата да се извини и да го откаже најавениот закон за екстрадиција.

Контраверзниот закон би дозволил есктрадиција во Кина, Тајван и Макао, за осомничени лица кои се верува дека сториле тешки злосторства. Хонг Конг е дел од Кина од 1997 година според принципот „една земја, два система“, кој им овозможува слободи кои ги нема во Кина, вклучувајќи ја и судската независност. Но, демонстрантите стравуваат дека ваквиот закон би го донел Хонк Гонг поблиску под апсолутната контрола на Кина. 

Според локалните медиуми, поддршка на полицијата даде голем број на демонстранти, кој изнесува околу 165.000 поддржувачи во Пекинг, кои се собраа денеска во паркот Тамар. Сепак, оваа бројка е мала во споредба со бројката од два милиони демонстранти кои демонстираа против одлуката на владата.

Нов протест е планиран за утре, а главниот секретар на Пекинг, Метју Чеунг, повика да има мир за време на протестите. Тој исто така побара од граѓаните сите да работат на тоа што побрзо да се врати стабилноста и спокојот во Хонг Конг.