Илјадници луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Киев. Беа распоредени голем број полицајци на улиците, но и покрај присуството на екстремистите и противниците на парадата, немаше големи инциденти.

Според организаторите, на настанот учествувале повеќе од 8.000 луѓе, додека некои медиуми објавија дека имало 2.500 учесници.

Полицијата соопшти дека девет лица се уапсени под сомнение дека подготвувале провокации.

Ова е прва дефиле на членовите на ЛГБТ заедницата во Украина, од изборот на новиот претседател Владимир Зеленски.