Илјадници демонстранти се собраа да го поддржат движењето „Животите на црнците се важни“ во паркот во Амстердам именуван по јужноафриканскиот борец против апартхејдот, Нелсон Мандела.
Тој е последен во низата протести во холандските градови што следеа по смртта на Џорџ Флојд во Минесота, кој беше убиен на 25 мај, што предизвика масовни протести низ САД и во светот, пренесува АП.

Јавната дебата за расизмот, дискриминацијата и историските врски со трговијата со робови се засили во Холандија по смртта на Флојд. Холандската организација за човекови права ја повика владата да назначи координатор за да помогне во решавањето на, како што се нарекува „системската дискриминација“ во земјата.