Балон висок шест метри, којшто го претставува претседателот на САД, Доналд Трамп како бебе, беше пуштен во воздух изутринава во близина на зградата на парламентот во Лондон, кадешто илјадници луѓе протестираа против неговата официјална посета на Велика Британија.

Демонстрантите се шетаат по улиците и во рацете држат бројни пораки упатени за Трамп, а меѓу нив се порачува дека тој е лажго и дека не е добредојден, но и дека ,,Климатските промени се вистински”, ,,Трамп е климатска катастрофа”,,,Стоп за нуклеарна трка на Трамп”.

Протестите се одржаа под мотото ,,Заедно против Трамп”, а целта е да се покаже дека се противат на неговата политика на поделба, омраза и суета.

-Нашиот балон е дел од гордата историја на политичка сатира на Велика Британија и испраќа јасна портокалова порака на Трамп и неговите политичари дека не се добредојдени- вели Ана Викерстаф, една од креаторките на балонот.

Онлајн петицијата против доаѓањето на Трамп ја потпишаа 1.863.708 луѓе. Портпаролот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу, рече дека на Трамп нема да му биде дозволено да се обрати.

-Мислам дека тој е најлошиот американски претседател од Ричард Никсон и граничи со глупава личност- изјави 71-годишен демонстрант.