Судот во Малезија донесе пресуда за десет години затвор за човек кој на социјалните мрежи го навредувал исламот и пророкот Мухамед.

Како што пренесуваат светските агенции, тоа е една од најстрогите казни изречени во таа претежно муслиманска земја, во која во последните месеци напнатоста поради расни и верски разлики е зголемена.

Полицијата преку соопштение ги советува граѓаните „да не ги злоупотребуваат социјалните мрежи со какви било облици на провокација кои можат да повредат верски или расни чувства“.

Пред два дена воспоставено е одделение кои ги надгледува пишувањата и комуникацијата во врска со исламот и пророкот Мухамед.