Американскиот претседател Доналд Трамп си го губи времето со обидите за изработка на израелско-палестiнски миров план, оцени денеска министерката за правда на Израел, Ајелет Шакед.

Според неа, во моментов е невозможно постигнување мир на Блискиот Исток и затоа Трамп својата енергија треба да ја насочи на друго место, се додека Палестинците не бидат подготвени за компромис.

– Лично мислам дека тоа е губење на време – изјави Шакед во обраќање на Диплоатската коференција во организација на весникот „Џерузлаем Пост“.

Изјавата на Шакед доаѓа во време кога САД се подготвуваат да го објават својот мировен план за Блискиот Исток, кој Трамп веќе го нараче „договор на векот“.

Планот го подготвуваат група советници на Трамп за Блискиот Исток, предводени од неговиот зет Џаред Кушнер. Тимот веќе неколку месеци работи на подготовка на планот, но засега не е познато кога ќе биде објавена неговата содржина.

Претходно, палестинските лидер изразија сомнеж дека американскиот план ќе вроди со успех, обвинувајќи го Трамп дека не е неперистрасен и дека неправедно ја поддржува израелската страна.