Израелските сили минатата недела користеле беспилотни летала за да ги растурат палестинските демонстрации на окупираниот Западен Брег, пренесува „Хаарец“.

Употребата на дронови од пошироки размери беше одобрена минатата недела и тие беа користени на Западниот Брег и во Ерусалим за време на викендот, пишува израелскиот весник.

Според „Хаарец“, израелските сили користеле беспилотни летала за фрлање канистри со солзавец за да ги растераат демонстрантите во предградијата на Витлеем и на други демонстрации во близина на контролниот пункт Каландија во северен Ерусалим.

Слични мерки биле употребени против демонстрантите во Појасот Газа пред три години. Израел верува дека оваа мерка е ефективна бидејќи им помага на војниците да избегнат конфронтации со демонстрантите. Беспилотните летала може да испуштат меѓу шест и 12 канистри гас одеднаш.