Израел се повлече од трката за непостојан член на Советот за безбедност на ОН со мандат од две години, почнувајќи од 1 јануари 2019 година, јави ДПА.

„По консултациите со нашите партнери, вклучувајќи ги и нашите добри пријатели, Државата Израел одлучи да ја одложи својата кандидатура”, се вели во соопштението на мисијата на земјата во ОН.

По повлекувањето на Израел, кандидати за двете места резервирани за групата „Западна Европа и други”, остануваат само Германија и Белгија.

Советот за безбедност се состои од пет земји – постојани членки (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) и 10 непостојани членки, кои се бираат по регионален принцип.

Израел никогаш не бил член на Советот за безбедност.