Израелската армија на интернет по грешка објавила мапа со тајни бази, на која детално се гледа точната локација на израелските воздушни сили и разузнавачката воена служба, како и нивните имиња.

Командата на израелските одбранбени сили ја отстранила мапата, откако од новинари на весникот „Харец“ добилa прашања за неа.

Објавената мапа била достапна за израелските граѓани, а по нејзиното отстранување, била објавена мапа што не ги содржела тие доверливи информации.

Како што е наведено, ова не е првпат да се објавуваат информации за тајни бази на одбранбените сили – во 2012 година, Хезболах користеше дрон за да ги сними локациите на израелските ракети, а во 2016 година, армијата им забрани на војниците да ја користат апликацијата „Покемон го“ бидејќи во неа морале да ја наведат локацијата на која што се наоѓаат.