Израелската армија денеска соопшти дека почнала операција со цел „откривање и спречување“ на тунели кои ги гради либанското шиитско движење Хезболах, а кои се протегаат од територијата на Либан до северен Израел.

Армијата соопшти дека тие тунели не се оперативни и оти активностите со цел нивно откривање, кои почнале денеска, се одвиваат на територијата на Израел.

Во соопштението не е наведено колку скриени тунели има меѓу либанската и израелската територија, ниту колку долго ќе трае операцијата.