Израелската Влада денеска одобри извоз на канабис во медицински цели, јави ДПА.

Израелското Министерство за здравство соопшти дека „по долг период на сериозни дискусии и внимателно анализирање“, решило да препорача да се дозволи извоз на канабис за медицински цели во земјите во кои е легална неговата употреба.

Израел е еден од светските лидери во истражување и одгледување на канабис за медицински цели, како и во производството на лекови на база на марихуана.

Денешната одлука на Владата, што ќе стапи во сила на 1 април, ќе создаде услови за отворање нови пазар за израелските фирми, со што се очекува зголемување на инвестициите во земјоделството и отворање нови работни места.

Владата проценува дека извозот на канбанис за медицински цели може да му донесе приход на Израел од една милијарда шекели (околу 272 милиони долари).