Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел ќе ги продолжи воените операции во Сирија.

– Ние ќе продолжиме да дејствуваме со цел да спречиме воено утврдување на иранската војска во Сирија и ќе ја продолжиме воената координација меѓу израелските одбранбени сили и руската војска, истакна Нетанјаху.

Во следните две седмици Русија ќе и предаде на Сирија современ противвоздушен систем С-300, соопшти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Нетанјаху изразил мислење дека Москва снабдува „неодговорен играч“ со напреден оружен систем, со што ја зголемува опасноста во регионот.