Израелските власти изјавија дека рано утрото извеле напади од широки размери на ирански и сириски терористички цели, откако одекнаа експлозии околу сирискиот главен град Дамаск. Русија предупреди дека израелските напади ќе доведат до ескалација на напнатоста.

Цел на нападите биле иранските сили Кудс, силите на иранската револуционерна гарда и сириската војска, напиша на Твитер израелската војска.

Израел возврати на ракетите за кои порача дека иранските сили во Сирија ги испалиле во нивна насока минатата ноќ.

Русија ги осуди израелските ракетни напади на сириска територија, порачувајќи дека тие претставуваат кршење на меѓународното право.