За првпат Израел доби министер кој е хомосексуалец, назначен од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Амир Охана (43) е поставен за министер за правда од партијата на Нетанјаху – Ликуд. Охана е лојален на Нетанјаху и го поддржува премиерот во неговата борба со законот, во која Нетајаху е под истрага за наводен поткуп и измама и може да биде обвинет во наредните неколку месеци.

Охана е активист за заштита на правата на хомосексуалците и го поддржува истополовиот брак, кој не е дозволен во Израел, а минатата година гласаше против партиските линии во корист на законот за проширување на забраната за дискриминација врз основа на сексуална идентификација.

Иако правата на хомосексуалците се соочуваат со противење од моќната ултраортодоксна еврејска заедница во Израел, земјата има прогресивен однос кон геј заедницата која е заштитена со закон.

Охана е еден од големиот број пратеници кои се хомосексуалци, а минатата година еден израелски град во близина на Тел Авив стана првиот што има градоначалник кој е хомосексуалец.

Нетанјаху пред три дена го отпушти претходниот министер за правда, кој беше член на партијата Шакед, дел од коалицијата на премиерот. Израел повторно ќе има избори во септември откако Нетанјаху не успеа да добие поддршка од доволен број партии да состави влада.