Израелската армија соопшти дека врши напади во Сирија врз цели на силите на Кудс, единица на иранската Револуционерна гарда. Тие ги предупредија сириските сили дека не напаѓаат сириска територија, ниту нивните сили.

Сириските државни медиуми објавија дека ПВО спречила „непријателски цели“ синоќа и дека неколку од нив уништила.

Според портпарол на рускиот Национален центар за управување со одбрана, сириската ПВО одбила напади на изралски борени авиони Ф-16 врз меѓународниот аеродром Дували во југоисточниот дел од Дамаск, при што се уништени седум проектили испукани од израелски авиони што долетале од правец на Средоземното Море.