Израелската армија соопшти дека денеска извршила напади во појасот Газа откако ракета истрелана од палестинска територија погодила зграда во јужниот дел на Израел.

Во соопштението се наведува дека воените авиони гаѓале терористичка инфраструктура која му припаѓала на движењето Хамас, исламистичка група што ја контролира таа територија, објави агенцијата АП.