Израелските војници за време на протест и судири на границата меѓу Газа и Израел убиле седум Палестинци, меѓу кои и две деца од 12 и 14 години, објави палестинското министерство за здравство.

Ова е најкрвавиот ден по 14 мај, кога беа убиени над 60 Палестинци при насилствата предизвикани за време на отворањето на американската амбасада во Ерусалим.

По неколку недели релативен мир, овие судири потсетуваат колку е нестабилна ситуацијата во и околу појасот Газа, палестинска територија со која владее исламистичкото движење Хамас.

Израелската војска наведе дека војниците отвориле оган како одговор на фрлањето на експлозивни напарави и камења од страна на демонстрантите. Војската уште додаде дека е забележано инфилтрирање на неколку Палестинци на израелска територија.