Египетски суд денеска издаде налог за апсење на двајцата синови на поранешниот долгогодишен претседател на Египет, Хосни Мубарак.

Ала и Гамал Мубарак, заедно со уште неколкумина други лица, се обвинети за кршење на правилата на работа на берзата и на централна банка, со што на илегален начин оствариле профит.

Синовите на Мубарак ги отфрлаат ваквите обвинувања.

Ала и Гамал Нубарак, заедно со остантите осомничени, беа уапсени под истото обвинение уште во 2012 година, но беа ослободени од притвор со кауција до завршување на судскиот процес и им е забрането да го напуштат Египет.

Причините за издавањето на налогот за нивно повторно апсење не се соопштени. Следното судско рочиште против нив е закажано за 20 октомври.

Хосни Мубарак беше претседател на Египет од 1981 до 2011 година. Неговиот авторитарен режим беше урнат од власта за време на арапската пролет пред седум години.