Во пожар во местото Кондопода во руската автономна Република Карелија, изгоре црквата „Успение на Пресвета Богородица“, изградена во 18. век, кој се смета за „чудо на архитектурата од дрво“.

Пожарот избувнал набрзо откако од црквата заминале група туристи. Пожарникарите пристигнале за неколку минути, но не успеале да ја спасат црквата која беше целосно изградена од дрво и изгоре до темел.

Регионалната управа на руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека пожарот најверојатно бил подметнат.

Локалните власти веќе најавија дека ќе изградат реплика на црквата. Се очекува изградбата да трае две години и да чини најмалку 80 милиони рубљи (1,2 милиони долари).