Пет лица се осомничени за злоставување на деца откако во американската сојузна држава Ново Мексико откриени се 11 изгладнети деца.

Децата биле хранети само со неколку компири и малку ориз. Тие намале ниту вода, ниту облека, ниту средства за лична хигиена, а биле облечени во валкани партали.

Полицијата извршила претрес откако добила порака: „Умираме од глад, ни треба вода и храна“. Пораката била испратена до непознато лице во Џорџија, над 2.000 километри оддалеченост од куќата каде децата биле држени во заложништво. Лицето ја проследило пораката до полицијата во Ново Мексико.

Во куќата се пронајдени 11 деца на возраст од една до 15 години и три жени за кои се претпоставува дека им се мајки.

На лице место уапсени се и двајца вооружени мажи. По едниот имало распишано потерница поради киднапирање на неговиот тригодишен син, а другиот бил баран поради криење на бегалец.