Исламската држава ја презеде одговорност за двојниот самоубиствен напад извршен денеска во Кабул близу централата на авганистанското разузнавање.

По првиот напад извршен од бомбаш-самоубиец „отстапниците од верата, од силите за безбедност, медиуми и други луѓе кои беа на местото на операцијата, каде еден брат камиказе ги изненади со експлозив“, се вели во соопштение од авганистански клон на ИД, објавено на Телеграм.

Бројот на жртвите е 25. Поврдени се најмалку 45, соопшти полицијата. Меѓу убиените се четири полицајци, еден фоторепортер на АФП и петмина новинари од локални медиуми.