Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад, во кој загинаа 16 луѓе во авганистанската провинција Нангархар.

Бомбаши самоубијци и вооружени мажи нападнаа канцеларија на градежна компанија во градот Џалалабад, при што убија 16 вработени.

Џалалабад е главен град на провинцијата Нангархар, која се наоѓа на границата со Пакистан.