Терористичката група Исламска Држава (ИД) презеде одговорност за нападот во Лиеж, што се случи вчера и во кој четири лица беа убиени, меѓу кои и напаѓачот Бенжамин Херман.

ИД ова го соопштија преку нивното џихадистичко пропагандно гласило “Амак“.

– Напаѓачот во Лиеж е војник на Исламската Држава“ се наведува во соопштението на ИД- јавија белгиските медиуми.