Состанок меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин нема да има се додека Русија ги држи украинските бродови и екипажите кои ги заплени во близина на Крим, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

– Не гледам околности во блиска иднина дека би можело да дојде до одржување таков состанок се додека бродовите и екипажите не бидат ослободени, рече Болтон.

Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица со екипажи во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложениуе дека нелегално влегле во руски територијални води.