Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп можеби прекршила федерални прописи ако ја искористила приватната електронска пошта за координирање владини работи, објави „Вашингтон пост“.

Весникот ја цитира адвокатската канцеларија што го застапува Трамп, која соопштила дека додека ја користела приватната електронска пошта, ниту една од пораките не содржела доверливи информации и најчесто се однесувале на прашања поврзани со распоред.

Таа престанала да ја употребува приватната електронска пошта кога била информирана за соодветните прописи, додаде адвокатската канцеларија.