Ако ги снема сите вируси, светот би бил сосема поинаков, меѓутоа не на подобар начин, пишува Би-би-си.

Навидум изгледа како вирусите да постојат само за да направат хаос и да му донесат страдање на човештвото.

Во текот на минатиот милениум, вирусите одзедоа неброени жртви, често убивајќи значаен дел од светската популација – од епидемијата на грип во 1918 година, од кој починаа меѓу 50 и 100 милиони луѓе, до 200 милиони луѓе кои починале од големи сипаници во текот на дваесеттиот век.

Сегашната пандемија на ковид-19 е само еден од низата напади на вируси.

Луѓето на драго срце би посакале да исчезнат сите вируси на светот. Меѓутоа, нивното исчезнување би било посмртонсоно за човештвото, отколку нивното постоење.

– Кога сите вируси одеднаш би исчезнале, светот околу ден и половина би бил прекрасно место, а потоа сите би умреле – вели Тони Голдберг, епидемиолог од Универзитетот во Медисон, Висконсин.

Повеќето вируси не се патогени за луѓето и имаат клучна улога во циркулацијата на екосистемот. Други вируси, пак, го одржуваат здрајето на одредени организми – од габи и билки, до инсекти и луѓе.

– Живееме во баланс, во совршена рамнотежа, а вирусите се одговорини за тоа – вели Сузан Лопез Чаретон, вирусолог на Државниот независен универзитет во Мексико.

Поголемиот број научници ги истражуваат вирусите што имаат влијание врз луѓето, но не и оние што ја одржуваат планетата во живот. Истражувачите не знаат точно колку вируси постојат. Околу илјада вируси засега се квалификувани, меѓутоа можно е да постојат уште милион други.

– Гледано во бројки, статистички речиси нула отсто од вирусите што постојат претставуваат закана за луѓето – вели Кертис Сатл, вирусолог од областа на заштита на животната средина на Универзитетот во Британска Колумбија.

Познато е дека бактериофагите, односно вирусите што ги напаѓаат бактериите, се исклучително значајни и претставуваат главни предатори во светот на бактериите. Бактериофагите се главни регулатори на екостистемот во океаните, а веројатно и во другиот жив свет.

Кога вирусите би престанале да постојат, некои бактерии толку би се намножиле што би уништиле сè пред себе. Тоа би било посебно проблематично за окените, каде што 90 отсто од живиот свет е микробен, а тие микроби го создаваат речиси половина од кислородот на планетата.

Доколку некоја популација стане преголема, некои вируси се намножуваат и уништуваат сè. Тоа е многу природна појава во екосистемот, објаснуваат научниците.

Овој процес, наречен „убиј го победникот“ е нормален и кај другите видови, вклучувајќи го и нашиот. Кога вирусите би престанале да постојат, поаргесивните видови би доминирале и би ги уништиле сите останати.

Научниците велат дека вирусите имаат важна задача и им овозможуваат на кравите и другите преживари да ја претворат целулозата од тревата во шекер, кои на крајот се претвораат во телесна маса и млеко. Вирусите се неопходни и за одржување на здравите микроби во телото на луѓето и на другите животни.

Во една студија истражувана е една трева што расте во националниот парк Јелоустоун. Научниците утврдиле дека вирусот што ги убива бактериите, ѝ овозможува на тревата да стане отпорна на геотермалната температура на земјата.

Инфекцијата со одредени бенигни вируси може да им помогне и на луѓето да се заштитат од одредени патогени бактерии.

ГБ-вирусот-Ц (хепатит Г), чест вирус кај луѓето, кој се пренесува преку крв, претставува далечен сроден вирус на западнонилската треска, и овозможува побавен напредок на СИДАТА, кај луѓето што се ХИВ-позитивни. Научниците, исто така, утврдиле дека ГБ-вирус-Ц ја намалува веројатноста од смрт кај луѓето заболени од ебола.

Денес сè повеќе се развива терапијата на лечење со вируси, не само поради отпорноста на антибиотици, туку и поради тоа што терапијата може прецизно да се прилагоди и вирусот да ја уништи само онаа бактерија што е потребно, за разлика од антибиотиците, кои ги уништуваат сите бактерии. Ваквите терапии сè почесто се практикуваат и при лекувањето на рак.

Се проценува дека вирусните елементи сочинуваат околу 8 отсто од човечкиот ген, додека 100.000 остатоци од гените потекнуваат од вируси кај сите цицачи, воопшто. Вирусниот генетски код најчесто се јавува како инертен дел на ДНК, а во некои случаи пренесува нови, корисни, дури и неопходни функции.