Американскиот производител на електрични автомобили Тесла најави дека ќе ја намали цената за својот Модел Х во Кина за дури 14.000 долари, откако кинеските власти најавија драстично кратење на царините за увозни автомобили од 25 на 15 проценти.

Одлуката доаѓа како дел од трговските преговори меѓу САД и Кина, во кои Вашингтон побара од Пекинг да го отвори својот пазар за американски производи, доколку сака да продолжи досегашното ниво на трговска размена.