Американскиот претседател Џо Бајден ќе нареди сите американски знамиња да бидат спуштени на половина копје на пет дена, сето тоа во спомен на повеќе од половина милион луѓе кои починаа поради пандемијата на коронавирус во САД, објави МСНБЦ на својот профил на Твитер.

Ова не е првпат Америка да ми оддаде почит на починатите од ковид-19.

Непосредно пред инаугурацијата на Бајден, сите познати згради во земјата беа обоени во црвена боја со црвени светла, во спомен на 400.000 луѓе кои починаа од коронавирус.