Зимска бура во САД предизвика одложување на илјадници летови, а стотици беа откажани.

Причината за вчерашното нарушување на воздушниот сообраќај е поради зимската бура, која започна во саботата навечер. Повеќе од 1.000 летови беа откажани, додека бројот на одложени летови достигна 4200. Речиси 400 летови до и од меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт беа откажани, а стотици беа одложени.

Метеоролозите известуваат дека бурата предизвикала поројни дождови и грмотевици, и предупредија на ризик од поплави во југоисточниот дел на САД, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи и Алабама. 
Беше издадено предупредување за можна појава на торнадо во Централна и Југозападна Луизијана и во Југоисточниот Тексас.

Гувернерот на Канзас прогласи вонредна состојба.