Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер е регистриран во Калифорнија.

Епицентарот бил на нешто помалку од 300 километри од Лос Анџелес.

Локалното население во Картaго во близина на епицентарот вели дека потресот бил силен, но нема штети.
Во погодената област има и лизгање на земјиштето, а земјотресот се почувствувал и во Лос Анџелес.

Вчера во катастрофален земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го потресе јужниот дел на Мексико, најмалку шест лица го загубија животот, некои села останаа отсечени, а на стотици километри од епицентарот во главниот град беа оштетени згради.

Земјотресот го потресе брегот на Мексиканскиот Пацифик, со епицентар на 23 километри јужно од Кручесита, на длабочина од пет километри.