Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го стресе утрово регионот Минданао кој се наоѓа на југот на Филипините, при што повредени се 25 лица, а нанесени се штети на куќите, зградите и инфраструктурата, соопштија филипинските власти, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ја објавил информацијата за потресот кој се случил во раните утрински часови, со епицентар во Караскал, во областа Суригао Дел Сур.

По потресот не е издадено предупредување за цунами.