Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 05,10 часот кај Зеница.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека епицентарот на земјотресот бил на 23 километри северно од Зеница, на длабочина од осум километри.

Нема информации дека земјотресот предизвикал штета.